06.12.2016

 

Соопштение за успешно реализирана надградба на информатичкиот систем

 

Почитувани,

 

Со задоволство ве известуваме дека Стопанска банка АД – Скопје успешно го заврши проектот за надградба на инфоматичкиот систем од  R10 на најновата верзија R15 на TEMENOS Т24ТМ, како најнапреден банкарски систем кој е достапен денес од технички аспект. Најновата верзија на информатичкиот систем претставува комбинација од сеопфатна и флексибилна функционалност и приспособливост, со потенцијал да овозможи подобри и понапредни услуги за нашите клиенти и да го отвори патот кон воведување на нови дигитални решенија.

 

Им се заблагодаруваме на тимот кој посветено работеше на успешно спроведување на надградбата во подолг период, на колегите кои беа вклучени во финалните фази на надградбата и проверката и секако на клиентите кои го прифатија нашето извинување за најавениот прекин со работа на ден 03.12. сабота.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна