05.06.2014

 

 

Trash Fashion 2014 во живо од i-bank store


Стопанска банка АД – Скопје повторно ја поддржува иницијативата Trash Fashion, во организација на НВО ОхО, која ги сплотува средните училишта од Македонија во интересен натпревар на модни решенија изработени од отпад. 
Иницијативата има за цел подобро разбирање на предностите на рециклирањето и разумното управување со отпадот што е предуслов за создавање на одржлива животна средина посебно за младите чијашто иднина е доведена во прашање со неправилното управување со ресурсите.

 
Trash Fashion 2014 се одржува во МКЦ, Скопје на 05.06 со почеток во 17 часот. Поради ограничениот простор а големиот интерес за следење на настанот Стопанска банка ги поканува сите навивачи, членови на тимови и гости на настанот да ја посетат i-bank store филијалата на Кеј 13 ноември, каде во живо преку live stream ќе ги следиме ревијата, гласањето и прогласувањето на победниците на Trash Fashion 2014. Каталогот од овогодинешните учесници се наоѓа на овој линк.

 
i-bank store е концептуална филијала која Стопанска банка АД – Скопје ја отвори како олицетворение на современата технологија и напредните алтернативни канали кои секако имаат за цел подобри услови за соработка со клиентите, но се нагласено ориентирани и кон подобрување на животната средина и намалување на загадувањето преку користење на основните банкарски услуги 24часа на ден преку телефон, интернет, мобилен и банкомат.
 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна