30.12.2013

 

Реализирана донација за народните кујни под мотото „Топли празници за сите“ 

 

Овие празници, сите посакуваме радост, љубов и повеќе време поминато со најблиските во топла атмосфера. Поттикнат од овие желби, Управниот одбор донесе одлука Стопанска банка АД – Скопје средствата кои се предвидени за корпоративни подароци да ги посвети на донација за народните кујни. 

„Со честитката за новата година и претстојните празници сакавме да им овозможиме и на нашите сограѓани, корисници на услугите на народните кујни, услови за празнична трпеза со своите семејства. Токму затоа одлучивме да направиме вредна донација со која ќе допринесеме за заедницата од која потекнуваме.“ Изјави Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

Во координација со одговорните лица од Министерството за труд и социјална работа избрани беа народни кујни кои имаат најголема потреба од помош во овој период од годината. Оттука, во народните кујни во Општините: Пробиштип (Злетово), Кочани, Чешиново-Облешево, Свети Николе, Радовиш, Конче, Делчево, Штип, Македонска Каменица и Центар, Скопје Банката ќе достави прехранбени продукти кои кујните ќе ги дистрибуираат до своите корисници од понеделник 30.12.2013година. Вработени од Стопанска банка АД – Скопје со желба дополнително да ја поддржат акцијата на Банката ќе бидат волонтери во народните кујни и ќе помогнат при дистрибуцијата на прехранбените продукти до корисниците.

На овој начин, вработените и менаџментот на Банката на влезот во 70тата годишнина, заедно придонесуваат во развојот и негувањето на култура на општествено одговорно однесување не само во Стопанска банка АД – Скопје туку и во нашите семејства и заедници каде делуваме.

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 

  

М-р Тони Стојановски и Милица Чапаровска, членови на УО на Стопанска банка АД - Скопје во знак на поддршка на активноста, присуствуваа на приемот на донацијата во Центарот за социјална работа при Град Скопје.