19.09.2014

 

Соопштение за јавност

 

Почитувани,

Се извинуваме на сите наши клиенти за евентуалните настанати прекини во работењето на 19.09.2014 (петок). Поради тоа, ве известуваме дека прекинот не е инициран од страна на Банката, туку се должи на изведувањето на проектот за промена на телекомуникациската инфраструктура на Македонски Телеком.

Интервенцијата беше најавена да се одвива вон работното време на филијалите на Банката, но дојде до продолжен прекин на линиите во повеќе филијали на Стопанска банка што предизвика филијалите на СБ да започнат подоцна со работното време.

Како и секогаш, Стопанска банка АД – Скопје ќе продолжи да се грижи за што подобри услуги кон своите клиенти.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна