15.10.2015

 

Доделена меѓународната книжевна награда ТАБЕРНАКУЛ за 2015година.

 

Со свечена академија, ДИД Табернакул и оваа година подготви вистинско уживање за љубителите и почитувачите на пишаниот збор. За 2015 година добитници на меѓународната книжевна награда ТАБЕРНАКУЛ прогласени беа Херта Милер (добитник на Нобелова награда за литература) и Том Стопард, еден од најголемите современи драматичари.

Во текот на денот за добитниците заедно со останатите членови на Табернакул академијата покрај прес конференцијата и доделувањето на наградите организирана беше и презентација при што за ликот и делото на Херта Милер говореше Виктор Ерофеев, руски писател и претходен добитник на оваа награда, а за творештвото на Том Стопард свое обраќање имаше Горан Стефановски.

Стопанска банка АД - Скопје во својата заложба да ги застапува општествените вредности кои го подобруваат секојдневното живеење даде морална и финансиска поддршка на настанот, а преку Facebook профилот за своите пријатели ќе додели и примероци од книгите на овогодинешните добитници.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна