17.12.2010Свечено отворање на новата филијала и бизнис центар во Битола


Почитувани,


Вчера во Битола свечено беа отворени новите простории на филијалата на Стопанска банка АД – Скопје и првиот регионален бизнис центар. Овие 2 едиции на мрежата на Стопанска банка значително ќе го подобрат квалитетот на услугата но и ќе ги приближат банкарските производи и услуги до клиентите од Битола и регионот.


Новите простории на филијалата, во центарот на Градот, на широк сокак се на површина од 500м2 и се уредени согласно новиот организационен модел кој Стопанска банка почна да го применува од 2010 година. Со овој модел, клиентите имаат можност за секој тип на производ/услуга да соработуваат со вработен кој е специјализиран токму за тој тип на производ, имаат информативна точка на влезот на филијалата и одделни простории за индивидуална и дискретна консултација со нашите вработени.


Регионалниот бизнис центар кој Банката за првпат го отвора во Битола е резултат на долгорочните планови на Банката која од своето основање во 1944 година нуди континуирана финансиска поддршка на бизнис заедницата во Македонија. Вработените во бизнис центарот се подготвени за проактивно извршување на своите работни задачи и постојано ги надградуваат своите знаења со интерни и екстерни обуки се со цел на клиентите да им се подобри искуството во банкарското работење и да се зацврсти соработката и задоволството.

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна