17.12.2010
Свечен коктел во Битола

 
Како завршен дел од свеченото отворање на новата филијала и бизнис центар на Стопанска банка АД – Скопје во Битола, на 16.12. со почеток од 19:30 часот, во хотел Епинал се одржа свечен коктел. На коктелот присуствуваа над 500 клиенти и пријатели на Банката од Битола и околината како и врвниот менаџмент на Банката. На присутните гости им се обрати Генералниот извршен директор на Стопанска банка г. Глигор Бишев и им посака добредојде во новите простории кои ветуваат уште поголеми заеднички успеси во 2011 година и за клиентите и за Банката.


На коктелот клиентите имаа прилика да се запознаат подобро и да разменат мислења со директорите од секторите и филијалите на Банката, регионалните директори како и со претставниците на Управниот одбор.


Стопанска банка АД - СкопјеНа ваша страна