24.12.2010Свечен коктел со соработниците на Стопанска банка АД - Скопје

Почитувани,

На 22.12.2010 година, со почеток во 19 часот во ресторанот Ден и Ноќ, Стопанска банка АД – Скопје организираше свечена средба, пред се во чест на компаниите од областа на автомобилската индустрија, недвижности, трговија со стоки за широка потрошувачка - продажба преку трети лица и менаџментот на Банката.

Покрај Новогодишните празници, уште поголем повод за Стопанска банка АД – Скопје беше и зацврстување на деловните односи со овие клиенти и продлабочување на понатамошната соработка. Имено, благодарение на партнерството со овие компании Банката допира до поголем број на клиенти а компаниите полесно и побрзо ја реализираат својата продажба.

Во присуство на голем број гости, пријатна музика и празнична атмосфера, Стопанска банка уште еднаш покажа дека е на страната на своите клиенти, и дека располага со најголем потенцијал на Македонскиот пазар како за населението, така и за корпоративните клиенти.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна