02.12.2011г.

Продолжува Супербренд караванот на Стопанска банка

 

По повод значајните јубилеи кои годинава Банката ги прославува како и поради признанието Супербренд кое клиентите и стручната комисија и го додели на Банката, продолжува Супербренд караванот на Стопанска банка преку организирање на коктели но овој пат во Југоисточниот дел на Македонија. Врвниот менаџмент на Банката најпрво го посети градот Штип каде на присустните клиенти и соработници им се обратија Претседателот на Управниот одбор Глигор Бишев и регионалната директорка Весна Ангеличкова. Караванот потоа продолжи во градот Гевгелија во присуство на над 200 клиенти и пријатели на Стопанска банка. Овој пат караванот заврши во Струмица во пријатна вечерна атмосфера со голем број гости, соработници и клиенти на Банката.

Во своите обраќања Претседателот на Управниот одбор Глигор Бишев на клиентите им се заблагодари за укажаната доверба во Стопанска банка, но дополнително ја потврди и заложбата на Банката да биде „на ваша страна“ со богатата и технолошко напредна понуда на производи и услуги, со стабилност и сигурност на Банка со најголема капитална сила и најголема актива на македонскиот пазар.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

Штип, 01.12.2011

                        

 

Гевгелија, 01.12.2011


   

 

Струмица, 01.12.2011