03.03.2014

 

Стопанска банка АД - Скопје, спонзор на Струмички карневал 2014

 

Традиционално и изминатиот викенд, Стопанска банка АД - Скопје беше покровител на Струмичкиот карневал со што го поттикнува континуитетот на оваа значајна културна манифестација која Струмица и Македонија ги прославува во светот. Заедно создаваме вредности кои денес значат богата културна програма а во иднина ќе значат богато културно наследство.

 

На најновото издание на Струмичкиот карневал продефилираа над 3000 групни и индивидуални маски додека жителите на Струмица и бројните гости во знак на поддршка на карневалот маскирани го следеа свеченото дефиле. Оваа година, на карневалот присуствуваа и гости од Грција, Турција, Бугарија, Црна Гора, Албанија и Хрватска.




Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна