09.08.2013

 

Стопанска банка АД - Скопје спонзор на Balkan Music Square 2013
 
Стопанска банка АД - Скопје и оваа година е еден од главните спонзори и обезбеди поддршка за реализацијата на 12то издание на фестивалот наменет на етно музиката од земјите на Балканот - Balkan Music Square 2013. Во рамките на двете фестивалски вечери 09-10 август, во Охрид гостите ќе имаат прилика да уживаат во изведбите на групите „Златопис“ од Србија, „Ла Колони Волвокс“ од Македонија и „Коза Мостра“ од Грција.
Во својата богата историја Стопанска банка АД - Скопје во континуитет нуди поддршка на настани кои го збогатуваат културниот живот и придонесуваат кон афирмирање на македонската музика.
 
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна