01.12.2010Стопанска банка на Финекспо 2010


Почитувани клиенти,


Стопанска банка АД – Скопје традиционално и оваа година зеде активно учество на осмиот по ред Меѓународен саем на финансии, деловни можности и економски развој – ФИНЕКСПО 2010 година. 


За време на оваа специјализирана саемска манифестација, Банката има единствена можност за претставување, афирмација и директен контакт со посетителите и пошироката јавност.


На самиот штанд на Банката, посетителите на саемот можат да се запознаат со сите производи, услуги и новитети што ги нуди Стопанска банка на физичките и правни лица, како и да аплицираат за некои производи на самиот штанд.


Стопанска банка АД – Скопје 

На ваша страна