02.04.2015

 

 

Стопанска банка именуваше нови директори на филијалите во Струмица и Гевгелија

 

 

Почитувани клиенти,

 

По повод именувањето на новите директори на филијалите во Струмица г-дин Зоран Џотов и г-ца Кристина Николовска во Гевгелија, Стопанска банка одржи коктел дружења во наведените градови, на кои присуствуваа клиентите и пријателите на Банката како и целиот Управен одбор на СБ. На коктел настаните обраќање имаа новите директори како и Генералниот извршен директор на Стопанска банка г. Диомидис Николетопулос, кои напоменаа дека како и досега и новите директори и тимот на филијалите ќе продолжат со успешните резултати кои ќе придонесуваат за севкупниот успех на Банката.

 


Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна