12.01.2011Стопанска банка Домаќин за Св. Никола во 2011 година

Почитувани,

На традиционалната прослава на Св. Никола во Прилеп Стопанска банка АД – Скопје беше назначена за домаќин на прославата за 2011 година.


Во духот на традицијата, Стопанска банка на граѓаните на Прилеп им ветува дека доследно и со голема чест ќе ги реализира своите обврски и прославата на Св. Никола во декември 2011 година ќе биде голем настан за Банката со што ќе ја покаже својата почит кон граѓаните на Прилеп токму за празникот на градот.


Директорот на Централниот регион, Стевчо Димески на церемонијата ја прими и потврди поканата од градоначалникот Марјан Ристески и годинашниот домаќин бизнисменот Ѓорѓија Атанасоски.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна