31.10.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје на Првиот БанкЕкспо 2012

 

На 31.10.2012 (среда), Стопанска банка АД - Скопје ќе биде дел од првиот Саем на финансиски институции, Банкекспо 2012, во организација на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Република Македонија кој се одржува во хотелот Александар Палас. Стопанска банка на овој саем ќе биде присутна со свој промотивен штанд на кои ќе се презентираат разновидните производи и услуги на Банката.

По повод Светскиот ден на штедењето, на овој саем исто така се доделија 30 признанија за најдобри шалтерски работници во банките и штедилниците во земјата за постигнати успешни резултати во работењето. Тројца вработени во Стопанска банка АД - Скопје беа наградени со признанија за најдобри шалтерски работници и тоа:

  • Жаклина Пишовска, Регион Скопје
  • Соња Бајлозова, Источен регион и
  • Наџије Лапо, Западен регион.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна