16.03.2017

 

Станбен кредит без нотарски трошоци

 

За голема одлука како што е станбениот кредит и купувањето на свој дом потребна е поддршка, разбирање и партнерство. Токму тоа Стопанска банка АД - Скопје го нуди за своите клиенти повеќе од 70 години.

Како Банка која има исплатено најголем број на станбени кредити во Македонија имаме непроценливо искуство и истото го прелеваме во понудата за станбени кредити која постојано се надградува и подобрува.

Станбениот кредит со еднакви каматни стапки во МКД и во ЕУР во периодот од 16.03 до 15.06.2017 дополнително нуди сите одобрени апликации да бидат со 0денари за нотарски, административни и трошоци за проценка. Со ова значајно финансиско олеснување даваме поддршка на клиентите кои избрале да купат свој дом со кредит од Стопанска банка АД - Скопје.

 

Нашите референти за продажба во филијалите на Банката и во 24/7 контакт центарот можат да одговорат на вашите прашања и да ви помогнат во изборот на соодветното решение за вашиот семеен буџет. Процесот на аплицирање можете да го започнете веднаш тука.

 

Стопанска банка АД - Скопје

Добредојдовте дома