25.05.2011

 

Продолжува понудата за станбен кредит без административни и трошоци за проценка

 

По големиот успех на кампањата за станбен кредит која завршува на 25.05.2011 и на барање на клиентите Стопанска банка АД – Скопје одлучи да ја продолжи понудата до крајот на јуни со цел да им излезе во пресрет на клиентите кои  имаат потреба од купување на нов дом за своето семејство.
 

Согласно ова, сите поднесени или одобрени барања за станбен кредит до 30.06.2011 ќе бидат ослободени од административни и трошоци за проценка. Оваа заштеда е особено значајна за клиентите на почетокот на користење на кредитот и претставува еден вид награда од Стопанска банка за направениот избор од страна на клиентот. Станбениот кредит од Стопанска банка е со најниска каматна стапка на пазарот од само 6,25% годишно, гарантирана за првите три години, а потоа се пресметува променлива годишна каматна стапка, која во моментов изнесува 7.43% годишно. Овие услови се привилегија на клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка заедно со попусти и на сите други кредитни производи.Поволната камата и ниските месечни ануитети како резултат на долгиот период на отплата до 30 години, го прават овој финансиски производ исклучително поволен за сите оние кои сакаат да дојдат до нов стан. 
 

За станбениот кредит нема потреба од жиранти, административна забрана и меница, а постои можност имотот кој се купува да се стави под хипотека. За предвремена отплата од сопствени средства не се наплаќа провизија. Кредитот може да се користи за купување, градба или рефинансирање на кредити од други банки под одредени услови. 
 

Станбениот кредит на Стопанска банка АД - Скопје е дизајниран за потребите на секоја целна група – оние што купуваат прв сопствен дом или оние што обезбедуваат сигурна иднина за своите најблиски. 

Повелете во една од филијалите на Банката или искористете го калкулаторот на веб страницата за пресметка на вашиот кредит.

 

Стопанска банка АД  - Скопје

На ваша страна