05.04.2011

Станбен кредит од Стопанска банка
БЕЗ административни и трошоци
за проценка


Веќе подолг период македонските граѓани при изборот на финансиски партнер за купување на сопствен дом ја избираат Стопанска банка АД – Скопје. Ваквата доверба секако потекнува од долгогодишната традиција на стабилност, сигурност и најповолни услови кои Банката ги нуди, развива и прилагодува токму за своите клиенти.


Во период од 25 март до 25 мај сите поднесени или одобрени барања за станбен кредит ќе бидат ослободени од административни и трошоци за проценка. Станбениот кредит е со најниска каматна стапка на пазарот од само 6,25% годишно, гарантирана за првите три години, а потоа се пресметува променлива годишна каматна стапка, која во моментов изнесува 7.43% годишно. Овие најдобри услови ги добиваат клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка заедно со попусти и на сите други кредитни производи.

Поволната камата и ниските месечни ануитети како резултат на долгиот период на отплата до 30 години, го прават овој финансиски производ исклучително поволен за сите оние кои сакаат да дојдат до нов стан.
 

За станбениот кредит нема потреба од депозит, жиранти, административна забрана и меница, со можност станот кој се купува да се стави под хипотека. За предвремена отплата од сопствени средства не се наплаќа провизија. Кредитот може да се користи за купување, градба или рефинансирање на кредити од други банки под одредени услови.


Имајќи ја предвид комплексноста на самиот процес на купување стан, од избор на локација, големина на станот, анализа на сопствените финансиски средства како и самиот избор на финансиски партнер, Стопанска банка континуирано ги подобрува условите за станбен кредит, што е причина во моментов банката да има над 45% од пазарот на станбени кредити во Македонија.


Станбениот кредит на Стопанска банка АД - Скопје е дизајниран за потребите на секоја целна група – оние што купуваат прв сопствен дом или оние што обезбедуваат сигурна иднина за своите најблиски.
Повелете во една од филијалите на Банката или искористете го калкулаторот на веб страницата за пресметка на вашиот кредит.


Пример: (април 2011): Можен износ до 150.000 евра и рок на отплата до 30 години. За кредит од 30.000 евра со 19 години рок на отплата за клиенти кои платата ја примаат преку СБ каматната стапка е 6.25% годишно, гарантирана за првите 3 години и променлива стапка од 7.43% годишно за останатиот период. СВТ изнесува 7.25%. Месечната рата изнесува 225,12евра. Административните трошоци редовно односно надвор од кампањата изнесуваат 1.25% од износот на одобрениот кредит, нотарските трошоци, осигурувањето на имотот и трошоците за проценка зависат од износот на кредитот како и од карактеристиките на имотот кој се користи како обезбедување. Апликативните трошоци изнесуваат 250 денари.