13.04.2017

 

Станбен кредит - нова промотивна понуда

 

Почитувани клиенти,

 

Во потрагата по нов дом за моментите кои сакате да траат вечно, Стопанска банка АД - Скопје ви излегува во пресрет со понудата на станбени кредити прилагодени на потребите и можностите на сите наши клиенти. Дополнително, сите одобрени кредитни барања до 15.06.2017 година ќе добијат намалени каматни стапки гарантирани за првите 5 години, поточно 4% за првите три години и 4.3% за останатите две години.

Понудата вклучува и 100% ослободување од иницијалните трошоци поврзани со кредитот, односно нотарски, административни и трошоци за процена. Процедурата е брза и едноставна, особено за клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка. 

 

Побарајте пример пресметка во една од нашите филијали или поднесете барање во секое време преку интернет.

 

Стопанска банка АД - Скопје

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ДОМА