05.06.2013


Донација од Стопанска банка АД - Скопје на јуниорскиот кошаркарски клуб „11ти Октомври“ Скопје

 

 

Во својата долга историја Стопанска банка АД – Скопје е во постојана соработка со заедницата и својот раст и развој го базира на постојана соработка со истата. Токму од оваа традиција во соработката со заедниците, Банката ја црпи својата општествена одговорност и во текот на годината реализира проекти значајни за културата, спортот, здравството, образованието и традицијата.

 

Овој пат, Стопанска банка на своите идни партнери и клиенти - членовите на јуниорскиот Кошаркарски Клуб „11ти Октомври“ донираше спортска опрема - тренинг маици, како свој скромен придонес за младите и спортот, на свеченото доделување на дипломите, кое се одржа на 04.06.2013г. (вторник) во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ - Скопје.


Како резултат на континуираната заложба и препознавање на проектите кои ќе имаат трајна вредност во општеството, на Стопанска банка АД - Скопје и беше доделена и БЛАГОДАРНИЦА за успешна соработка и донацијата за најмладите, за кошарката и спротот генерално.

 

Стопанска банка АД – Скопје                    
На ваша страна