09.12.2011г.

 

Шест години од воведувањето на Виза Веро картичката

 
Во 2005 година, Стопанска банка АД – Скопје и Веро ја воведоа првата ко-брендирана Виса картичка на пазарот. Eдинствена од ваков вид и препознатлива по својата бонус понуда, Виса Веро картичката стана препознатлив бренд како за Банката така и за Веро маркетите. Со користење на оваа картичка, клиентите секој месец добиваат бонус во своите месечни извештаи, во зависност од испазарениот износ како во Веро, така и во целата трговска мрежа на Банката.
Прославувајќи ја 6 годишнината од воведувањето на оваа картичка, Банката од 7ми декември, ќе започне и со можност за плаќање на 2 рати без камата во Веро и Џамбо маркетите, за сите сметки над 2000 денари со што полесно и побрзо ќе дојдете до она што ви е потребно. Секако на 7ми декември во Веро центарот во Скопје, свечено ќе биде обележана 6 годишнината на Виса Веро кредитната картичка со многу изненадувања.

„Стопанска банка, како врвна банкарска институција секогаш се труди да биде поблиску до потребите и желбите на своите клиенти. Стремежот на нашите корисници да им понудиме уникатни услуги и дополнителни придобивки, беше пресуден да влеземе во заеднички проект со „Веропоулос” и да ја создадеме ко-брендираната кредитна картичка ВЕРО Виза, која може да се користи за плаќање во земјата и странство. Оваа картичка е различна по својата специјална бонус програма, со тоа што со секоја направена трансакција во „ВЕРО” се добива бонус од 2,5 % од вредноста на трансакцијата, а на сите други продажни локации во земјата и странство бонус од 1% од вредноста на трансакцијата. Уверени сме дека нашата успешна соработка со „Веропоулос” ќе продолжи и понатаму на задоволство на клиентите” изјавија од Банката.

„Околу 15.000 корисници на ко-брендираната картичка со задоволство редовно ги користат посебните услови креирани за нив. Затоа, по повод празничните набавки, со новата привлечна понуда со која нудиме плаќање на 2 рати без камата во Веро и Џамбо, сакаме да ја наградиме лојалноста на нашите верни корисници и да им го олесниме секојдневното пазарување во нашите маркети, особено во претпразничниот период кој ни претстои ” изјавија од Веропулос.

Пазарувајте во Веро и Џамбо и уживајте во празничните денови!


Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна

 

 

07.12.2011г, промоции во Веро Центарот - Скопје