04.10.2011 година


Стопанска банка - дел од Петтиот Ден на Услуга кон Клиентите


И оваа година Стопанска банка АД – Скопје зеде активен дел од годишната конференција „5ти ден на услуга за клиентите“ која се одржа во едукативниот центар М6, во организација на агенцијата за истражување на пазарот СВОТ ДОО Скопје.
Стопанска банка АД – Скопје ја поддржува активноста на СВОТ за денот на услуга кон клиентите бидејќи како услужна компанија посветува максимално внимание за услугата кон клиентите. Оваа година, Стопанска банка се јави и како главен спонзор на оваа конференција, што претставува уште еден доказ дека за Стопанска банка, секој клиент, секоја сметка, претставува повеќе од само име и број, секој клиент претставува олицетворение на желби, планови и соништа а знаеме, дека токму за клиентите треба да ја имаме најголемата грижа.
Овој пристап кон работењето е причината поради која Банката има најдолга традиција на македонскиот пазар и останува на врвот на банкарскиот сектор.

Стопанска Банка АД – Скопје
На ваша страна