12.10.2011

 

Стопанска банка АД - Скопје со есенска понуда за Станбен кредит!



Стопанска банка АД - Скопје како Банка која стои зад повеќе од 40% станбени кредити во Македонија повторно излезе со понуда на атрактивни услови за сите клиенти заинтересирани за купување на сопствен дом.

Со кампањата која започна на 10 октомври, во траење од 2 месеца, Банката овозможи преференцијални услови за клиентите, со кои тие побргу ќе можат да зачекорат во домот кој го посакуваат – поточно 50% намалување на административните трошоци, на нотарските трошоци, како и 50% намалување на трошоците за проценка на имотот што се остава како обезбедување.

Станбениот кредит од Стопанска банка е со гарантирана каматна стапка од 6,25% годишно за првите три години, а по истекот на периодот со гарантирана каматна стапка се применува променливата каматна стапка која во моментот изнесува 7,43% годишно. Овие каматни стапки се однесуваат на клиентите кои платата ја примаат преку Стопанска банка, што е дополнителен бенефит.

Од неодамна Банката потпиша договори за соработка со повеќе градежни компании па оттаму станбениот кредит сега е достапен и за станови кои се во изградба.

Искористете ја промотивната понуда која ќе трае до 10 декември оваа година и добијте го домот кој го заслужувате!

За дополнителни информации обратете се во филијалите на Банката, на  www.stb.com.mk или 24ч Контакт центарот 02/3100109.