28.09.2011 година

 

Соопштение за промоција-телефонско банкарство во Ресен


Почитувани клиенти,

На 27.09.2011 (вторник), Стопанска банка го заокружи караванот на презентации на телефонското банкарство, со промоцијата во Ресен. Оваа уникатна услуга, достапна за сите генерации, Стопанска банка ја промовираше на најзначајниот ден за Ресен - почетокот на традиционалниот јаболкобер. Менаџментот присутен на презентацијата им посака на присутните гости и пријатели на Банката, успешна и плодна берба со ветување дека Стопанска банка и понатаму ќе остане на страна на своите клиенти преку воведување на супериорни производи и услуги креирани по нивно барање.

 

Воедно, на оваа презентација и заедничко дружење на Банката со своите најлојални клиенти, беше назначен и новиот директор на филијалата Ресен, Г-динот Антонио Гавриловски, кој на позицијата доаѓа по долгата и успешна кариера на претходната директорка Билјана Стојчевска.

 

Со почит,

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна