22.11.2011г.

Соопштение за неработен ден - 26.11.2011г. (сабота)

 

Почитувани клиенти,


Ве известуваме дека поради унапредување на системот со кој работи Стопанска банка, филијалите на Банката нема да работат на ден сабота, 26.11.2011 година. Следен работен ден на филијалите е понеделник, 28.11.2011 година.

Во истиот период на располагање ви остануваат банкоматите на Банката и терминалите во трговската мрежа, односно ќе можете вашите платежни картички да ги користите непрекинато. Алтернативните канали под i-bank брендот: телефонското банкарство, плаќањата преку банкомат и e-banking сервисот ќе можете да ги користите, но за најава на плаќања со иден датум.

Системот, односно софтверското решение кое Банката го користи неопходно е редовно да се одржува, унапредува и подобрува со цел да ги поддржи зголемениот број на трансакции, воведувањето на новите производи и услуги кои клиентите ги бараат како и да овозможи максимална заштита во банкарското работење.
Дел од мисијата на Стопанска банка АД – Скопје е постојниот стремеж да биде пионер во воведување на технолошки напредни решенија кои ќе им овозможат на клиентите поголема слобода во користењето на банкарските производи. Само на тој начин ќе бидеме верни на нашето мото „на ваша страна“

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање и заедно ќе ги користиме новите можности на унапредениот систем веќе од следната работна недела.


Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна