Скопје, 20.09.2011 година

 
Соопштение за промотивна понуда за мали и микро компании


Почитувани клиенти,

На ваше барање промотивниот период со намалени каматни стапки кај производите за кредитирање на мали и микро компании, продолжува. Стопанска банка АД – Скопје продолжува да нуди промотивни каматни стапки од 7.45% до 12.50% годишно, во зависност од производот и од приходите на правното лице, со што овие кредити стануваат достапни за сите компании фокусирани на развој и унапредување на својот бизнис.
Промотивните каматни стапки ќе бидат валидни за кредитни барања доставени во периодот од 26.09.2011 до 25.11.2011 година.

За повеќе информации поврзани со производите заинтересираните клиенти може да ги консултираат Советниците за мали компании во сите филијали на Банката.

Малите и микро компании се најбројни во секоја економија и претставуваат извор на идеи, прогресивност, претприемништво и развој на целокупната економија. Покрај тоа што нудат поддршка за големите компании со своите специјализирани услуги, овие компании воведуваат побрзо и полесно иновативни производи и услуги со кои што се задоволуваат разновидни потреби во општеството. Токму затоа, Стопанска банка АД – Скопје постојано работи на унапредувањето на финансиската поддршка што ја обезбедува за овие компании. Секако, Банката првенствено нуди советување во изработката на кредитната документација и успешното образложување на бизнис планот како и евалуација на квалитетот на проектот за кој се бара кредитот. Оваа помош е драгоцена за нашите клиенти кои најчесто управуваат со фамилијарен, мал бизнис во кој недостасува експертиза за управување на финансиите.

Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна