20.12.2011

 

Стопанска банка - кум на Св. Никола во Прилеп, 19.12.2011г.

 

На 19.12.2011 во градот под Марковите кули - Прилеп, Стопанска банка АД - Скопје го предаде своето кумство за Св. Никола од 2011 година за среќна и бериќетна година за сите во присуство на највисоките претставници на МПЦ, градоначалникот на град Прилеп и врвниот менаџмент на Банката и илјадници граѓани на Прилеп

Со богата празнична трпеза за сите, бројни изненадувања за најмладите и разновиден културно-музички дел беше прославен овој најголем празник за градот Прилеп.

Истовремено, Стопанска банка на самиот празник Св. Никола му подари на градот Прилеп нова филијала, поголема, модерна и попријатна за сите клиенти на Банката.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна

 

<ВИДЕО>