10.11.2011

 
Стопанска банка - спој на традиција и иновации

 

Успехот на една компанија секогаш е базиран на довербата која ја ужива кај своите клиенти, задоволството од квалитетот на услугата, иновативноста во работењето и воведувањето на прогресивни производи и услуги кои задоволуваат разновидни потреби на клиентите.


Стопанска банка оваа година бележи 67 години од своето постоење. Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, таа стои зад најголемите инфраструктурни и индустриски проекти во земјата, зад секој втор дом купен на кредит и е во тесна соработка со секое семејство во Македонија. Ваквиот обем на активности се должи на применувањето на корпоративна култура која во фокусот ги има потребите на клиентите. Оттука, мотото на Стопанска банка „на ваша страна“ е суштинска определба во работењето и токму затоа во Стопанска банка, секој клиент е супербренд.


Пред 15 години Стопанска банка воведе за првпат платежна картичка на македонскиот пазар со што значително го промени начинот на плаќање, управување со сопствените средства, безбедноста на граѓаните и трговците и придонесе кон модернизација на платниот промет во земјата. Пред 10 години Банката го воведе и меѓународниот бренд на платежни картички Visa и издаде дебитни картички, постави банкомати и го започна процесот на иновација благодарение на кој, денес клиентите имаат поголема слобода од кога и да е – достапни им се најсовремени услуги преку банкомат, а банкарските услуги се достапни и преку телефон и интернет. Од 1 јануари 2012 година, Банката ќе ги дополни услугите преку e-mail и преку SMS, со што клиентите ќе можат да бидат постојано во контакт со банката и со нејзините производи.


Благодарение на сите овие придобивки, клиентите и соработниците ја прогласија Стопанска банка АД – Скопје за Супербренд во Македонија. Ова врвно признание ќе  послужи како мотив Банката и понатаму да обезбедува супериорни банкарски услуги и производи. Во знак на благодарност за признанието, Банката за сите корисници на платежни картички организира голема наградна игра која ќе трае од 15.11.2011-15.02.2012. Наградната игра „Со картичка до милион“ е одлична прилика да се искористи празничниот период на зголемен шопинг за добивање на бројни вредни парични награди.

Стопанска банка АД - Скопје се надева дека ќе продолжи и понатаму да го заслужува вниманието, довербата и задоволството на своите корисници.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна