13.01.2012г.

 

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ПРОЕКТОТ “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН”


Од 16.01.2012 (понеделник), Стопанска банка АД – Скопје за сите заинтересирани клиенти ќе организира Отворени денови во просториите на своите филијали за Проектот на Владата на Република Македонија „Купи куќа купи стан“.

На Отворените денови претставници на Банката детално ќе ги објаснуваат условите и критериумите за субвенционираните станбени кредити и ќе одговараат на вашите прашања поврзани со овој и другите станбени кредити достапни од Банката.

Купувањето на сопствен дом е долгорочна инвестиција што го дефинира животот на секое семејство и поединец. Процесот вклучува многу чекори и налага трпение додека се најде совршената локација, вистинските димензии, цена и начин на плаќање кои одговараат на семејниот буџет. Благодарение на богатото искуство и традиција во понудата на станбени кредити во моментов секој трет станбен кредит во Република Македонија е од Стопанска банка АД – Скопје. Затоа се надеваме дека заинтересираните клиенти ќе имаат голема корист од претставниците на Банката кои на Отворените денови ќе го пренесат нивното искуство и ќе обезбедат корисни совети за станбените кредити.

Одберете го терминот и локацијата што најдобро ви одговара и повелете на Отворените денови во организација на Стопанска банка АД - Скопје:







Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна