14.11.2011

 

Црвен крст на РМ и додели Благодарница на Стопанска банка АД - Скопје

 

Почитувани,

 

На 13.11.2011г. (недела) во просториите на Дом на АРМ, на традиционалната хуманитарно-крводарителска акција што се одржува по повод празникот на град Скопје, Стопанска банка АД - Скопје се здоби со Благодарница за поддршка на хуманитарните активности на Црвениот крст на Република Македонија.

Покрај големиот број посетители - граѓани на градот Скопје, кои и оваа година ја демонстрираа својата исклучителна хуманост, присутни беа и високи претставници на Црвениот крст на РМ.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна