20.12.2011г.

 

Предновогодишно дружење со трговците партнери на Стопанска банка АД - Скопје

 

На 16.12.2011г. (петок), Стопанска банка АД - Скопје организираше свечена средба во бизнис центарот CityHall со своите трговци партнери од областа на градежништвото, недвижности, автомобилска индустрија, трговија со стоки за широка потрошувачка.

Овој пат, Стопанска банка ги награди своите најзаслужни партнери - трговци кои имаа најголем удел во продажбата на производите на Банката. Доделени беа награди во осум категории, од кои пет викенди за двајца во Спа центарот „Аурора“ - Берово и три таблет компјутери.

 

Во присуство на голем број гости и врвниот менаџмент на Банката во пријатна атмосфера беа прославени заедничките успеси во 2011година.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна