29.12.2011

 

Стопанска Банка прославува 67 години - спој на долгогодишна традиција и иновации во работењето



Денес 29.12.2011г, Стопанска банка прославува 67 години од основањето и постоењето во финансискиот и стопанскиот живот на нашата земја. Како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, Стопанска банка АД – Скопје е горда што 67 години е лидер во банкарскиот сектор – со иновативни банкарски производи и услуги, со најголема база на клиенти од населението и корпоративниот сектор, со најголема актива и капитална сила.

Со цел да го обележи овој значаен јубилеј Банката подготви донација која претставува една од активностите и проект за континуирана заложба во корпоративната одговорност, со која Банката денес заедно во соработка со Црвениот крст на РМ, донира во Центарот за поддршка на деца на баратели на азил во РМ и во Дневниот Центар за деца на улица – нова облека и обувки, како и новогодишни пакетчиња и други изненадувања за децата, дел од овие центри.

Општествената одговорност што Банката овие 67 години ја практикува е вградена практика и дел од нашето секојдневие. Со оваа активност, Банката уште еднаш докажува дека не само што делува во локалната заедница со својата основна дејност, туку и активно и корпоративно одговорно е дел од општеството.

На граѓаните на Република Македонија им посакуваме среќни новогодишни празници и многу успех во Новата 2012 година.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна