25.10.2010 Соопштение за резултати од спроведување на план за зголемување на капиталот на НБГ


Националната банка на Грција С.А. известува дека во месец октомври успешно го зголеми акционерскиот капитал преку продажба на хартии од вредност на своите постојни акционери на финансиските пазари. Планот за зголемување на капиталот донесен од Управниот одбор на Банката беше реализиран со голем успех затоа што на првата понуда Банката забележа 1.83 пати поголем интерес за хартиите од вредност од планираниот, односно побарани беа акции во вредност од 3.3 милијарди евра наспроти првично понудените 1.8 милијарди евра.

Со зголемувањето на акционерскиот капиталот за нови 1.8милјарди евра НБГ се искачи на петтото место во Европа според стапката на адекватност на капиталот. Во согласност со планот за зголемување на капиталот, втората фаза која треба да се следи, дополнително ќе влијае позитивно на стапката на адекватност на капиталот, со што НБГ ќе го заземе лидерското место меѓу европските банки според стабилноста и капиталната сила.

Стопанска банка АД – Скопје како дел од NBG Групацијата со гордост ги пренесува резултатите од планот за зголемување на капиталот со што се докажа дека заедно со матичната банка сме лидери во банкарскиот сектор во регионот и оправдано ја имаме довербата на своите клиенти. Тоа не обврзува да продолжиме да бидеме лидери во економскиот развој со доследност и чувство на одговорност кон акционерите, клиентите, вработените и општеството.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна