18.10.2010Мајки

Почитувани,

Како неразделен дел од општеството во кое работи и се развива, Стопанска банка АД – Скопје продолжува да допринесува за културниот живот во Македонија. Нашиот подарок за граѓаните во овој период е поддршката која ја даваме за промоцијата на најновиот македонски филм од светски познатиот филмски режисер Милчо Манчевски насловен „Мајки“.


Со „Мајки“ Милчо ќе се претстави ширум Македонија и ќе ја пренесе својата филмска приказна до сите љубители на седмата уметност.


Ги споделуваме со вас моментите од свечената премиера во киното Милениум во Скопје одржана на 17.10.2010 година.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна