18.03.2013

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ


Почитувани партнери и клиенти на Стопанска банка АД - Скопје,


Овој Април ќе се одбележат 13 години од превземањето на Стопанска банка АД – Скопје од страна на Националната банка на Грција. За време на овој период Банката успешно се трансформираше во модерна, ефикасна и иновативна финансиска институција која цели кон исполнувањето на очекувањата на секое македонско домаќинство и компанија. Дури и во периодов на значителна меѓународна економска криза, Стопанска банка остана доверлив партнер кој подеднакво ги подржува домаќинствата и компаниите.
Во 2012 Стопанска банка оствари пораст на кредитирањето од 5% и оствари нето добивка од 12,9 милиони ЕВРА, што е резултат на ефикасното искористување  на домашното и девизното штедење. Лошите пласмани беа под целосна контрола и целосно резервирани и беа за 1,5% пониски од просекот на македонскиот банкарски сектор.
Исто така, за целиот овој период, Стопанска банка значително придонесе кон нашето општество. Подржуваше голем број на истражувачки проекти, болници, млади таленти, спортски и уметнички настани, со еден збор се грижеше за заедницата.
Оваа извонредна трансформација на Банката кон сегашната значителна ефикасност со изграден и препознатлив бренд и исклучително успешна мрежа на филијали,  кој се случи во последните 13 години, е резултат на посветеноста и подршката на доминантниот акционер, кој беше посветен кон поддржување на растот и напредокот на Банката, со целосна верба во потенцијалот на земјата. Сепак, ништо немаше да се постигне, ако не беа неуморните напори на вработените и менаџерскиот тим на банката, кои се камен темелник на оваа извонредна трансформација.
Г-дин Бишев, кој беше Генерален Извршен Директор на Банката дванаесетипол години, донесе одлука да ја продолжи својата кариера вон Банката. Доминантниот акционер е посветен на именувањето на талентиран наследник кој дополнително ќе ги зајакне активностите на Банката. Во оваа насока, Г-дин Бишев ќе остане во и посветен на Банката најдоцна до 30 Јуни, 2013 година, со цел НБГ да именува нов Генерален Извршен Директор и да се обезбеди  успешна транзиција.
 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна