13.12.2012

ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ОД UNIQA LIFE АД - СКОПЈЕ ЗА КОРИСНИЦИ НА КРЕДИТ ОД СТОПАНСКА БАНКА АД - СКОПЈЕ


Стопанска банка АД - Скопје обезбеди уште една нова можност за своите клиенти корисници на кредити обезбедени со залог на недвижен имот. Ваквиот тип на кредити најчесто се одобруваат на поголеми износи и на подолг рок на отплата. Имајќи го тоа во предвид, Банката во соработка со UNIQA Life АД - Скопје, на клиентите им го презентира новитетот - CREDIT LIFE. Со овој производ од UNIQA Life АД – Скопје се обезбедува поволност за клиентите на Стопанска банка АД - Скопје, односно дополнителната заштита со најниска годишна премија за животното осигурување кое бележи значителен пораст на македонскиот пазар во последните неколку години.

Производот CREDIT LIFE, UNIQA Life го создаде специјално за кредитокорисниците чиишто кредити се обезбедени со залог на недвижен имот и предвидува склучување на полиса за животно осигурување со која ќе се обезбеди заштита на имотната состојба на семејството на кредитокорисниците во случај на настанување на осигурен случај. Склучувањето на полисата за животно осигурување е на доброволна основа и може да се спроведе како за постоечките кредитокорисници така и за новите кредитобаратели.
На овој начин, кредитокорисниците ќе имаат поголема сигурност при одлучувањето за користење на кредити обезбедени со залог на недвижен имот. Затоа и веруваме дека на клиентите ќе им биде од интерес новата можност да го поврзат кредитот со полиса за животно осигурување.

Наједноставен приказ за предноста на ваквото осигурување е доколку настане осигурен случај, осигурителната компанија превзема обврска да го покрие износот на остатокот на недоспеаната обврска по кредитот, по што се создаваат услови за бришење на хипотеката воспоставена како обезбедување по кредитот а воедно и наследниците на кредитокорисникот се ослободуваат од обврската да го отплаќаат кредитот до крајот на периодот на отплата.

Со оваа соработка Банката докажува дека останува во чекор со потребите на своите клиенти и го проширува спектарот на производи и услуги кои ги нуди со што ја продлабочува соработката и со клиентите, но и со партнерите како UNIQA Life АД – Скопје.

 

Стопанска банка АД – Скопје                                           UNIQA Life  АД – Скопје
На ваша страна                                                                  Осигурување на Новата Генерација