22.11.2011год.

 

Соопштение за зимските активности на Стопанска банка АД - Скопје

 

Почитувани,


И оваа година пред новогодишните и божиќните празници, кога сите подаруваат и празнуваат, Стопанска банка подготви изненадувања со кои сака да ја награди лојалноста на своите клиенти и да ја одбележи 67 годишнината од постоењето.
Имено, во периодот од 24 - 30 декември, Банката за своите клиенти обезбедува бесплатни билети за кино Милениум (цртани детски филмови), за кугланата во спортскиот центар Борис Трајковски, за лизгалиштето на мраз, Кале и топли напитоци во Experience Café на плоштад Македонија.
Се што треба заинтересираните граѓани да направат е да ја одберат активноста која најмногу им се допаѓа и им одговара, да побараат билети од една од филијалите и да уживаат во празничните изненадувања со Стопанска банка АД- Скопје.
Билетите можат да се подигнат во една од следните три филијали на  Банката во Скопје: Младина (на кеј), Јане Сандански, и Веро 2 секој работен ден на филијалата.
Вработените и менаџментот на Стопанска банка ви ги честитаат претстојните празници!
 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна