21.12.2012

Соопштение за традиционалните зимски активности на Стопанска банка АД - Скопје

 

Почитувани,

 

Традиционално и оваа година, во периодот пред новогодишните и божиќните празници, кога сите подаруваат и празнуваат, Стопанска банка АД – Скопје подготви изненадувања со кои како и секогаш ја наградува лојалноста на своите клиенти и ја обележува 68 годишнината од постоењето оваа година.
Имено, во периодот од 22 - 29 декември, Банката за своите клиенти обезбедува бесплатни билети за кино Милениум, за пинг понг и кугланата во спортскиот центар Борис Трајковски и топли напитоци во Trend Café.
Се што треба заинтересираните граѓани да направат е да ја одберат активноста која најмногу им се допаѓа или одговара, да побараат билети во една од филијалите и да уживаат во празничните изненадувања од Стопанска банка АД – Скопје.
Билетите можат да се подигнат во една од следните три филијали на Банката во Скопје: Младина (на кеј), Јане Сандански (населба Аеродром) и Веро 2 (Тафталиџе) секој работен ден на филијалата.
Вработените и менаџментот на Стопанска банка Ви ги честитаат претстојните празници!

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна