16.02.2012

 

Заштеда на електрична енергија

 

Почитувани клиенти,

Вредноста на енергијата налага да управуваме со неа внимателно и рационално особено во периоди кога на земјата и се потребни дополнителни ресурси. Во таа насока, Стопанска банка АД – Скопје ги изгаси светлечките реклами во своите филијали. На овој начин, Банката како општествено одговорен корпоративен граѓанин се придружува кон заложбата за намалување на потрошувачката за енергија и со свој личен пример дава придонес во зголемувањето на  свесноста за потребата од штедење на електричната енергија.

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна