22.07.2013г.

Промотивен трансакциски пакет за микро и мали компании

 

Почитувани клиенти,


Стопанска банка АД – Скопје, традицинално го поддржува растот и развојот на компаниите преку ефикасна и квалитетна услуга и преку континуирана понуда на атрактивни производи и услуги прилагодени на нивните потреби. Најновата понуда се однесува работењето на микро и мали компании за кои СБ воведе промотивен пакет со попусти кои се однесуваат на трансакции извршени во денарскиот безготовински платен промет преку трансакциска сметка во Банката како и промотивни попусти на други производи поврзани со трансакциската сметка на соодветната компанија, наведени во продолжение:
-    50% попуст на провизиите од денарскиот безготовински платен промет (извршен преку шалтер)
-    50% попуст на провизијата за месечно одржување на сметка
-    50% попуст на трошокот за токен за e-banking
-    Ослободување од годишно членство за VISA Business за првата година за основната и дополнителните картички
-    Плата плус пакет со атрактивни попусти на каматните стапки и на другите провизии за кредитите за население, за менаџерскиот тим и вработените лица во вашата компанија кои земаат плата во СБ.
Промоцијата се применува за сите ново-отворени сметки и активирани сметки во периодот од 15.07.2013 до 30.09.2013 година. Важноста на попустите за денарскиот безготовински платен промет и трошокот за месечно одржување на сметка ќе се применува во период од максимум 6 месеци од отворање или активирање на сметката во банката, заклучно со 15.01.2014г.
 

Истовремено, промотивните каматни стапки за кредитна линија - револвинг и инвестициски кредити во денари за кредитирање  на микро и мали компании продолжува до 31.08.2013.

За сите дополнителни информации поврзани со производите, заинтересираните клиенти може да ги консултираат Советниците за мали бизниси и директорите во сите филијали на Банката.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна