23.03.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје со пролетна понуда за Станбен кредит!



Стопанска банка како Банка која стои зад повеќе од 40% станбени кредити во Македонија, повторно излезе со понуда на атрактивни услови за сите клиенти заинтересирани за купување на сопствен дом.
Со кампањата која трае во периодот од 20.03.2012 до 31.05.2012, Банката овозможи преференцијални услови за клиентите, со кои тие ќе бидат на само чекот до својот нов дома – поточно 50% намалување на административните (со проценета вредност од 200 евра по клиент) и нотарските трошоци (со просечна вредност од 125 евра по клиент).
Станбениот кредит на Стопанска банка е со гарантирана каматна стапка од 6,25% годишно за првите три години (за клиенти со плата во СБ), а по истекот на периодот со гарантирана каматна стапка, се применува променливата каматна стапка која во моментот изнесува 7,43% годишно (за клиенти со плата во СБ). Каматната стапка на вкупните трошоци изнесува 7.49% годишно.
Стопанска банка има потпишано и договори за соработка со повеќе градежни компании, па оттука, станбениот кредит е достапен и за станови во изградба.
Поволната камата и ниските месечни ануитети како резултат на долгиот период на отплата до 30 години, го прават станбениот кредит исклучително поволен за сите оние кои сакаат да дојдат до нов дом.
Искористете ја промотивната понуда која ќе трае до 31 мај и остварете го сонот за свој дом!
За дополнителни информации обратете се во филијалите на Банката, на www.stb.com.mk или на 24часа Контакт центарот 02/3100-109.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна