06.02.2013

Со Стопанска банка АД - Скопје и Адора Инженеринг до супер шанса за нов дом


Почнувајќи од 05.02.2013 година, Стопанска банка АД – Скопје и градежната компанија Адора Инженеринг ги обезбедија најповолните услови за купување нов дом, со фиксна каматна стапка од само 3,20% за првите 3 години, за клиенти кои платата ја примаат преку банката.

Целта на Адора Инженеринг со овој субвенциониран кредит од страна на компанијата, е да им овозможи на граѓаните да станат сопственици на стан, изграден по европските стандарди за квалитетно и економично домување.  Успешната приказна на Адора Инженеринг трае повеќе од 10 години. Команијата е сининим за сигурност и квалитет во високата градба, каде важи за лидер на овие простори. Адора Инженеринг е специјализирана за проектирање и изградба на елитни  станбено-комерцијални објекти, применувајќи ги најновите светски трендови за енергетска ефикасност, што на станарите им овозможува заштеда на енергија и пари.

Од друга страна, веќе подолг период македонските граѓани при изборот на финансиски партнер за купување на сопствен дом ја избираат Стопанска банка АД – Скопје. Ваквата доверба потекнува од долгогодишната традиција на стабилност, сигурност и најповолни услови кои Банката ги нуди, развива и прилагодува за своите клиенти. Стопанска банка континуирано ги подобрува условите за станбен кредит, што е причина во моментов Банката да има најголемо учество од пазарот на станбени кредити во Република Македонија.

Стопанска банка АД – Скопје заедно со Адора Инженеринг нуди единствен ваков кредитен производ на пазарот со флексибилни услови, гарантирани и намалени каматни стапки за првите 3 години.

Со оваа специјална понуда, двете компании продолжуваат да бидат водечки компании во градежништвото и  банкарскиот сектор во Република Македонија.


Стопанска банка АД – Скопје                        Адора Инженеринг
На ваша страна                                               Само делата се вистина