06.12.2012

 

Стопанска банка АД - Скопје потпиша Договор за соработка со Фудбалската федерација на Македонија

 

Денес, Стопанска банка АД - Скопје како банка со веќе препознатливи стандарди на корпоративно општествена одговорност во земјата, повторно ја потврдува својата стратешка определба на банка која е нераскинлив дел од заедницата и банка која поддржува проекти од широк општествен интерес. Преку поддршката на Фудбалската федерација на Македонија, Стопанска банка АД - Скопје го потврдува своето мото на ваша страна, овој пат застанувајќи на страната на спортот, посебно фудбалот како најважната споредна работа во животот. Вредностите на кои не учи фудбалот, како што се посветеност, соработка со останатите членови на тимот, взаемно почитување, позитивна енергија за фер натпревар, се вредности за кои се залага и Стопанска банка, институција која во својата скоро 70 годишна традиција, поддржувала и ќе подржува голем број на проекти од овој карактер.

Оваа соработка и меѓусебната поддршка им ја подаруваме на сите наши граѓани и ве покануваме заедно на нашиот национален фудбалски тим и на сите наши спортски работници да им кажеме дека во животот и во спортот добро е кога имаш некој на твоја страна, па затоа ајде сите да бидеме на страната на фудбалот. Им посакуваме уште подобри фудбалски резултати, успешна игра и сите посакуваме, нашите фудбалери еден ден да заиграат на големо светско натпреварување, изјави г. Глигор Бишев, Генерален Извршен Директор на Стопанска банка АД – Скопје.

 

Во духот на соработката со ФФМ, Стопанска банка АД - Скопје истовремено го промовираше и својот најнов корпоративен ТВ спот во кој порачува: Во животот и во спортот, добро е кога имаш некој на твоја страна. Видеото може да го погледнете тука.

 

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна