07.11.2011г.

 

Стопанска банка АД - Скопје присутна на Саем за жена 2011

 

Почитувани,

 

Во периодот од 04-06.11.2011г. Стопанска банка АД - Скопје беше присутна со штанд на Вториот Саем за жена 2011 промовирајќи ги на многубројните постетители своите производи и услуги. Како целна група од интерес за Банката, жените претставуваат постојан извор на идеи и затоа голем дел од структурата на Банката вбројува жени во сите нивоа на менаџмент. За време на саемот Банката се претстави и со презентации за штедење и инвестирање во услови на криза а дополнително обезбеди и поддршка на своите клиенти - трговци, изложувачи на овогодинешниот саем.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна