16.09.2013

Соопштение за прекин на телекомуникациски линии

 

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека поради непредвиден прекин во телекомуникациските линии поголем дел од мрежата на трговци не можат да реализираат трансакции со платежни картички преку POS терминалите во неколку градови и општини во Р. Македонија (Кичево, Кавадарци, Велес, Битола, Струга, Охрид). Очекуваме надлежните институции да го отстранат прекинот што поскоро, а во меѓувреме ве информираме дека банкоматите и i-bank каналите: e-banking, телефонско банкарство и m-banking ви остануваат на располагање за управување со сопствените финансии.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна