28.10.2013

 

Зголемени каматни стапки во „Неделата на штедење“




Штедењето како активност на редовно вложување на слободните средства на клиентите со динамика која е во согласност со можностите за вложување на клиентот, обезбедува подобар квалитет на живот и поголема сигурност за иднината на поединецот и на целокупната економија.
Ги разбираме потребите на клиентите, нивните желби и планови и ја нудиме нашата безрезервна поддршка нудејќи им безбедно и корисно да ги пласираат своите слободни средства во бројни видови на депозити креирани токму според нивните потреби.
По повод Меѓународниот ден на штедење, Стопанска банка АД – Скопје во периодот од 28.10 до 02.11 организира Недела на штедење во која клиентите кои ќе отворат нов орочен депозит „Мој план“ имаат на располагање специјална понуда – имено каматните стапки на овие нови депозити ќе бидат зголемени за 0.5 пп за депозити во денари и 0.25 пп за депозити во евра во однос на редовните каматни стапки.
Со оваа активност, сакаме да им оддадеме почит на клиентите кои веќе знаат да штедат и да препознаат добра понуда за штедење како и на клиентите кои сакаат да почнат со оваа здрава навика од почеток. Имено „Мој план“ е орочен депозит кој овозможува неограничен број и износ на дополнителни вложувања за времетраењето на орочувањето на депозитот, без притоа да се разорочи депозитот или да се продолжи периодот на орочување. На овој начин континуирано и постепено се зголемува основниот влог. Со овие карактеристики и дополнителната зголемена каматна стапка, „Мој план“ е вистинскиот начин да се одбележи Меѓународниот ден на штедење. Во секоја од нашите филијали на располагање на клиентите е Советник за депозити кој може да им ги презентира производите на Банката и да им помогне во изборот на најсоодветниот начин на штедење за нивните потреби.

Дополнително, Стопанска банка АД – Скопје ги повикува своите клиенти да не штедат на љубов и грижа и во претстојниот период преку „На ваша страна“ Facebook страницата да им испратат на децата во Клиниката за детски болести, Скопје пораки полни со љубов и желби за подобро здравје.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна