24.04.2012г.

Вработените на Стопанска банка АД - Скопје помогнаа во реализацијата на „Недела на хуманитарноста“ организирана од Црвен крст на град Скопје



Вработените на Стопанска банка АД - Скопје зедоа активно учество во хуманитарната акција што Црвен крст на град Скопје ја реализира позната како „Недела на хуманитарноста“ од 23 до 29ти април. Имено денес 24.04.2012 (вторник), во просториите на Централата на Банката, вработените помогнаа во успешната реализација на проектот преку откуп на вредносни ваучери.

Акцијата се реализира под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“ и има за цел да помогне на семејства и поединци кои живеат под одреден социјален ризик во рурални средини, стари изнемоштени лица и лица со посебни потреби. Помошта ќе биде во форма на набавка на пакети храна и хигиенски средства.

 

Стопанска банка АД - Скопје

На ваша страна