Скопје, 01.02.2013

Соопштение за намалени каматни стапки за депозити


Почитувани,

Стопанска банка АД – Скопје како и досега продолжува да ги следи насоките од монетарната власт и согласно последното намалување на каматните стапки на благајничките записи од страна на Народна банка на Република Македонија, направи соодветно прилагодување на каматните стапки на депозитните производи за население и правни лица во просек од 0.25 процентни поени.

Клиентите можат да се информираат за променетите каматни стапки на 24 часа Контакт центарот на Банката (02) 3100 109, на веб страницата или во една од филијалите на СБ.

Стопанска банка АД – Скопје
На ваша страна