15.11.2011г.
Со картичка до 1 милион денари - Нова наградна игра на Стопанска банка АД - Скопје
Почитувани клиенти,
Од денес 15.11.2011год., Стопанска банка АД - Скопје започнува со најновата наградна игра со кредитните и дебитните картички на Банката под мотото „Со картичка до 1 милион денари“.
Имено, со користење на вашите дебитни и кредитни картички, со секоја сметка поголема од 300 денари стекнувате право за учество во извлекувањето и сте се поблиску до главната награда од 1 МИЛИОН ДЕНАРИ и другите бројни вредни парични награди.
Во празничните месеци купувајте во трговската мрежа во земјата и светот, плаќајте сметки или рати на банкоматите од Стопанска банка, купувајте на интернет и едноставно уживајте во слободата што ја нудат платежните картички, а Банката богато ќе ја награди вашата лојалност! Повлекувањето готовина од картичка не учествува во наградната игра.
• Наградниот фонд изнесува:
1 х 1,000,000денари
2 х 100,000денари
5 х 50,000денари
15 х 10,000денари
20 х 5,000денари
• Наградната игра трае од 15.11.2011 до 15.02.2012:
Вработените и нивните потесни семејства не учествуваат во наградната игра.
Среќните добитници ќе бидат објавени во дневните весници најдоцна 13 дена по завршување на наградната игра.
Правила за наградната игра
Стопанска банка АД - Скопје
На ваша страна