31.10.2012

 

Почитувани клиенти,

Поради надградба на системот за картично работење, мрежата на картички, банкомати и ПОС терминали на Стопанска банка нема да биде достапна во периодот од 23:00 часот на 03.11.2012 (сабота) до 11:00 часот на 04.11.2012 (недела).

Овој краткотраен прекин поради подобрување и надградба на перформансите на системот е со цел воведување на највисоките меѓународни безбедносни PCI DSS стандарди во работењето на картичниот систем на Банката.

Вака подобрениот систем е дел од мисијата на Стопанска банка АД – Скопје да биде лидер во воведување на технолошки напредни решенија во секој сегмент од своето работење и има за цел да ги поддржи постојано зголемениот број на трансакции, воведувањето на новите производи и услуги кои клиентите ги бараат како и да овозможи максимална заштита во картичното работење.

Останатите услуги на банката како што се  телефонско банкарство и e-banking сервисот, ви стојат истовремено на располагање.  

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна